Еден од најголемите рок вокали на Балканот – Ален Исламовиќ доаѓа во Битола со концерт што ќе нѐ врати во златната ера на рокенролот!
На 16 мај, во Битола, ќе имате можност во живо да ги слушнете безвременските хитови „Đurđevdan“, „Motori“, „Lipe cvatu“, „Napile se ulice“ и песни кои со години ги пеат генерации.
Концертот ќе се одржи во НУ Центар за култура – Битола. Продажбата на влезниците започнува од утре – петок во 09:00 часот, онлајн на ticketx.com.mk и во продажната мрежа на TicketX низ Македонија!
Подгответе се за вечер исполнета со емоции, рок енергија и песни што никогаш не излегуваат од мода!