„Светот на Биби“ објавува јавен кастинг за новата музичко-едукативна емисија за деца: ЈЕЕЈ! Детско музичко шоу
Се бараат талентирани лица кои ќе ги оживеат омилените ликови Биби и Боби – со музика, песна и актерска енергија.
КАСТИНГ ЗА БИБИ (женски лик)
– пее (задолжително)
– свири пијано (задолжително)
– има музичко знаење и чувство за ритам- има топол глас, јасна дикција и позитивна енергија
– е природна пред камера и знае да „влезе во лик“
– актерско/водителско искуство е плус
КАСТИНГ ЗА БОБИ (машки лик)
– пее (задолжително)
– свири гитара (задолжително)- има сценски настап и харизма
– е весел, комуникативен и забавен- има чувство за ритам и интеракција со деца
– актерско/водителско искуство е плус
ШТО ТРЕБА ДА СОДРЖИ ВИДЕОТО?Испратете видео (до 2 минути) во кое ќе има:
– кратко претставување (име, возраст, искуство)
– актерска изведба (30 секунди како да зборувате со деца)
– пеење и свирење (рефренот од песната „Јас сум ваша Биби“, за Боби – рефренот од песната „Сакам да си играм“.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?Испратете го видеото преку линк (WeTransfer или SwissTransfer) заедно со кратка биографија и контакт телефон на следнив е-маил: info@svetotnabibi.mk со наслов: Кастинг за Биби и Боби.
Пријавувањето трае до 8 март.