На 10 Март во концертната сала на Македонска филхармонија со почеток во 20.00 часот ќе се одржи концерт по повод 60 години музичка кариера на Тихомир Поп Асановиќ!
Асановиќ кој е хрватски џез-рок клавијатурист кој својата музичка кариера ја започнал токму во Скопје каде завршил средно училиште. А на 16-годишна возраст, почнал да настапува со големиот танцов оркестар на РТВ Скопје. Подоцна е клавијатурист кој свирел во разни југословенски музички групи како што се „Тајм“, „Смак“, „ЈУ Група“ и бил на турнеи со нив низ целиот свет во 1970-тите и почетокот на 1980-тите.
На иста сцена со него ќе будат: Влатко Стефановски, Рамбо Амадеус, Амир Гвиртцман, Јани Модер, Јован Маљоковиќ, Драги Јелиќ од ЈУ Група, Карин Земљиќ, Јан Стефановски и неколку специјални изненадувања!
Влезниците се во продажба на mktikets.mk и karti.com.mk.