Сопругата на Тони Цетински за прв пат се појави во спот за негова песна

Еден од најомилените регионални музичари, Тони Цетински, промовираше нова песна „Budi mi sreća“, силна и искрена љубовна балада што слави блискост, доверба и трајна љубов.

Овој проект е особено емотивен затоа што сопругата на Тони, Дубравка Цетински, за прв пат се појавува во придружното видео, што на песната ѝ дава дополнителна автентичност и лична димензија, а премиерно беше прикажан на самиот Ден на вљубените. Видеото носи интимна и кинематска атмосфера, а според Тони, тоа е нешто „сосема невидено во овој регион“.

„Оваа песна има посебно значење за мене. Воодушевен сум што Дубравка, мојата сопруга, се согласи да учествува во видеото за мојата нова песна „Budi mi sreća“ затоа што таа е мојата најголема инспирација и мојата среќа“, нагласи Тони.

Музиката и текстот се на Младан Динкиќ, а за аранжманот се погрижи Саша Милошевиќ Маре, што ѝ даде на песната препознатлив музички квалитет. „Budi mi sreća“ е идеална музичка позадина за Денот на вљубените, но и за Денот на жената, а воедно и прекрасен музички подарок за сите жени!

Песна која нè потсетува дека вистинската љубов не мора да биде гласна за да биде силна, туку искрена и длабока. Комбинацијата од емоции, врвна продукција и искрена приказна ја прави оваа песна уште едно силно поглавје во богатата кариера на маестралниот Тони Цетински.

Самото видео е снимено на тајна локација во Италија, во атмосфера што ги комбинира елеганцијата и топлината на медитеранскиот амбиент. Режисер е Паоло Џентилини, кој со својот режисерски пристап го нагласи интимниот карактер на песната и создаде импресивно и впечатливо визуелно дело.