Закажан втор концерт на Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ во Битола

Поради големиот интерес за концертот на 9. март, отворен е дополнителен концерт во Битола на 10. март. По два распродадени концерти во Скопје, на 7 и 8 март, славниот српски пар пејачката Јелена Томашевиќ и актерот Иван Босиљчиќ го распродадоа и концертот во Битола на 9 март.

Во придружба на Симфониски оркестар тие ќе настапат со репертоар кој ќе ги вклучи големите хитови на Јелена: „Јутро“, „Име моје“, „Да ми је да ми се врати“, „Океани“, „Оро“, како и популарните изведби на Иван на стихови од познати поети и евергрин песни што публиката ги обожава „Душо моја“, „Жуте дуње“, „Пукни зоро“, „Циганочка“ итн.

Томашевиќ во 2018 година а Босиљчиќ во 2023 година одржаа самостојни концерти во Центарот за култура – Битола. А сега, за прв пат во нивните богати кариери, Јелена и Иван ќе застанат заедно на сцената и ќе ја почестат публиката со вечер полна со емоции, музика и незаборавни моменти. Двајцата ја пленат публиката со години: таа со еден од највеличествените вокали на домашната поп сцена, а тој со својот талент и длабоко чувство за поезија и музика, а сега публиката ќе ги види на заеднички концерт по повод Денот на жената.

Билети онлајн на страницата на Центарот за култура и на билетарницата на Центарот за култура.