Театар Комедија објавува аудиција за женски улоги

НУ Театар Комедија објавува аудиција за женски улоги на возраст од 20 до 35 години. Аудицијата е за потребите на театарската претстава „Кој сум јас?“ од Митко Чешларов во режија на Наташа Поплавска а во продукција на НУ Театар Комедија.

Аудицијата е наменета за актерки со изразен сценски сензибилитет, подготвеност за истражувачки и современ театарски процес, како и способност за работа во ансамбл.

Кандидатите кои сакаат да се пријавуваат потребно е да испратат: кратка биографија (CV), контакт телефон и e-mail, фотографија (портрет) на следните две електронски адреси (заедно): teatarkomedija@gmail.com и poplawska71@gmail.com.

Пријавувањето е отворено до 26. 01. 2026 година. Аудицијата ќе се одржи на 27.01. 2026 година во 10:00 часот на големата сцена на НУ Театар Комедија.