Почина неготинчанката на која и беше посветена култната „Милена, генерацијо моја“

Во Неготино денеска почина Милена Радман, жената на која и беше посветена една од најпознатите песни на „Нови фосили“ – „Милена, генерацијо моја“.

Радман никогаш не зборуваше јавно за темата, од она што е познато се знае дека Рајко Дујмиќ ја запознал неготинчанката на нејзиниот летен одомор со другарките во Хецег Нови. Тој во долг разговор кој го имале, и ветил дека ќе ја опее во песна.

Дујмиќ ја напиша музиката а Зринко Тутиќ текстот на песната која излезе во 1983 година.

-„Таа беше социјален работник во Неготино, моја генерација, разговаравме цела ноќ, а по неколку години, кога со „Нови Фосили“ бевме на турнеја во Неготино, таа дојде со сопругот и децата во спортската сала „Младост“ каде настапувавме. Започна да плаче, не и се веруваше дека ќе го остварам ветувањето и ќе ја овековечам во песна“. – раскажа Дујмиќ во старо интервју.

Рајко и Милена беа родени во 1954 година. Дујмиќ почина во 2020 година како последица од сообраќајна незгода.