Исламовиќ и Рамбо Амадеус во преработка споија две песни на „Бијело дугме“ (Видео)

Вокалот на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ и кантавторот Рамбо Амадеус објавија спот за дуетската соработка во која комбинираа две песни на популарниот рок состав. Станува збор за брилијантна и необична комбинација на „Ako možeš, zaboravi“ и „Pediculis Pubis“. Музиката и текстот се на Горан Бреговиќ, а аранжманот го направи Ален Исламовиќ.

Вокалите во песната се на Рамбо Амадеус и Ален Исламовиќ, кои исто така свиреа акустична гитара, а во создавањето на песната учествуваа и Златан Чехиќ – Чеха (бас гитара, придружен вокал), Смаил Диздариќ (хармоника), Амир Кудиќ (акустична гитара), Игор Матковиќ (клавијатури), Игор Печенковиќ (тапани) и Звонимир Вујиќ (тапани, шејкер).

Песната е на неодамна објавениот албум на Ален „The Best Of Acoustic“, кој содржи хитови од соло кариерата на Исламовиќ и од времето кога бил член на бендовите „Bijelo Dugme“ и „Divlje Jagode“, снимен во сосема нови, акустични верзии во студиото „Sinkopa Production“.