„Бадникови поворки“ ја возобновија василичарската каланда „Чук, Чук, кој иде?“

Здружението „Бадникови поворки” традиционално и оваа година возобнови уште една празнична традиционална песна овој пат василичарска. Се работи за новогодишната каланда „Чук, Чук, кој иде?“. Текстот е комбинација од делови од старата Дебарско-реканска песна и нов современ но поучен текст.

Изведувачи се хорот „Митрополит Козма Пречистански“ и инструменталистите на: кларинет – Игор Бакревски, клавијатури – Вера Поповска, виолончело – Дејан Цветковски, контрабас – Коста Стевановски, виолина – Димитар Андоновски, лаута и уд – Петар Христов. Стојан Стојановски беше одговорен за режија, камера и монтажа а негова е и продукцијата со 2С Студио. Снимањето аудио и постпродукција се во Андоновски Мјузик Продуцент и Димитар Андоновски. А аранжманот и оркестрацијата е на Владимир Димовски.

-„Новогодишната каланда изразува еден достоинствен хорски аранжман, создавајќи топла празнична и духовна атмосфера за сите оние кои ја негуваат православната традиција, велат иницијаторите за возобновување на оваа песна.“