Сефедин Бајрамов – битолскиот славеј со кадифен глас, заедно со Камерниот оркестар на Битола на 12 февруари со почеток во 20 часот ќе го изведе концертот „Прстен за неа“.
Во големата сала на НУ Центар за култура – Битола, Бајрамов ќе изведува серенади што зборуваат за љубов, вино и вечните битолски убавини.
Вечер во која песната тивко се вселува во срцето, а музиката станува спомен. Гости на концертот ќе бидат Ана Петановска и Виктор Апостоловски.