На 17 декември во 20:00 часот, голем концерт на Битолскиот дувачки оркестар за сите генерации – носталгија за возрасните, радост за најмалите!
„Драги битолчани, време е да се вратиме во годините кога животот беше поедноставен, кога пеевме искрено, гласно и од срце. Овој концерт е создаден токму за таа генерација — за луѓето кои пораснаа во 90-тите, но истовремено концертот е и прекрасна можност да ги запознаеме денешните деца со музиката со која пораснавме ние — музика која носи топлина, спомени и ведрина.“ – велат од Битолскиот дувачки оркестар.
Битолскиот дувачки оркестар ќе ги оживува легендарните детски хитови: „Визба стара и гитара“, „Како ли јас да пораснам“, „Софи Софија“, „Боби баш ми е гајле“ и уште многу други хитови.
Специјални гости кои ќе ја збогатат вечерта: Детски хор „Ѕвончиња“, Тинејџерскиот хор „Попрoкет“, Младинскиот мандолински оркестар КУД „Стив Наумов“.
Концертот е создаден за сите кои сакаат да се потсетат колку беше убаво да се биде дете во 90-тите.
Влезници по цена од 300 денари можете да набавите на билетарницата во Центар за култура Битола (понеделник–сабота од 16:00 до 21:00). А можат и да се резервираат во приватна порака на ФБ и Инстаграм профилите на Битолскиот дувачки оркестар.