Силна енергија, врвна музика и голема забава за битолската публика приреди вчера грчкиот бенд „Koza Mostra“. Грчките евровизиски претставници од 2013 година ја наполнија салата и ја кренаа атмосферата до максимум: сите на нозе, игра, аплаузи, заразна позитивна вревa и енергија што тешко се опишува со зборови.
На сет листата се најдоа: „Malaka“, „Me trela“, „Voudas“, „Ti Kano Edo“ и десетина други кои час и половина ја држеа атмосферата на високо енергетско ниво.

„Имавме трема да настапуваме во театарска сала но вие сте прекрасна публика. Не зборуваме ист јазик, ама сите го знаеме ритамот. Се надеваме следниот пат на концерт на отворено и без седишта.“ – рекоа членовите на Koza Mostra. Битола и бендот заедно создадоа незаборавен музички спектакл, музика што те тераат да се придружиш и да играш без престан.
„Голема благодарност до Koza Mostra и до нашата неверојатна публика што повторно ја претвори салата во место полнo со емоции, гласни аплаузи и вистински фестивалски дух.“ – велат од Центар за култура – Битола.
