Во Струмички театар започнаа пробите за „Бегалка“

Народниот театар „Антон Панов“ – Струмица започна со пробите за новата постановка на „Бегалка“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски.

„Ова дело е длабоко врежано во нашата театарска историја: На 1 мај 1949 година театарот е отворен со премиерата на „Бегалка“ во режија на Димитар Колчаков. На 18 јануари 1970 година било второто поставување во режија на Александар Думов. А ова е трето поставување на ова значајно македонско драмско дело.“- велат од Струмички театар.

Улогите ги добија: Стојан Велков – Трн, Анкица Бенинова, Танкица Стојанова, Јасмина Вучкова, Васка Ангелова, Михаил Велков и Игор Тодоров.

За сценскиот дизајн е задолжен Благој Мицевски а за музиката Александар Димовски.

„Со оваа нова постановка, му оддаваме почит на минатото и го продолжуваме живото наследство на македонската драмска традиција.“ – додаваат од Струмички театар.