proekt – algoritamski pejsazi na skopje – 2025

Минатата недела успешно заврши реализацијата на проектот „Алгоритамски Пејзажи на Скопје“, иновативен интердисциплинарен проект кој обединува урбана фотографија и вештачка интелигенција (AI) во создавање нови дигитални интерпретации на културни објекти и урбани локации во Скопје. Проектот е дел од пошироката иницијатива „Алгоритамски Пејзажи“, а има за цел развој на одржлива креативна платформа што ќе поттикне идни уметнички и технолошки иницијативи, ќе ја засили видливоста на градот и ќе охрабри критичко согледување на урбаната средина.

Во рамки на проектот беа организирани едукативни работилници посветени на урбана фотографија, визуелно документирање на јавни простори и нивна креативна обработка со AI алатки. Во програмата учествуваа млади и мотивирани учесници, студенти, креативни професионалци и AI ентузијасти, кои под менторство на Бранко Ристовски и Илија Тирицовски во текот на изминатите четири недели изработија значајна колекција урбани фотографии и нивни AI интерпретации од различни скопски локации.

Дел од работата на учесниците се објавени во дигитална онлајн галерија, достапна на следниот линк: instagram.com/algoritamski_pejzazi

Проектот е во реализација на ФлатФорм Филм, со поддршка на Министерство за култура и туризам, а во соработка со Интернационален Универзитет Еуропа Прима од Скопје.