Матеј Џајковски – BigSlav номиниран за Греми

Албумот „Access All Areas“ на групата групата „FLO“ а на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav е номиниран за престижната музичка награда „Греми”. Џајковски беше дел од авторите и продуцентите на песната „On & On” од споменатиот албум.

Речиси една година по издавањето, албумот е номиниран за најдобар во категоријата „Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на наградите „Греми“ следната 2026 година. А албумот се најде и на #1 местото на Apple Music во Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Џајковски е автор на песната заедно со Aminata Kabba, Dante Jones и Uv Killin em. A заедно со Jones и Killin em е продуцент под името BigSlav.

Матеј е син на познатиот Кирил Џајковски а претходно успешно работел во Лос Анџелес на музика за видеоигри и кампањи за светски компании, како „Мериот“, „Адоби Фотошоп“ и „Амазон“. Неговата музика била дел и од филмот „Ла-Ла ленд“ и Нетфликс серијата „Измислување на Ана“.

Наградата се доделува од 2013 година на музичари за висококвалитетни дела на албуми во урбаниот современ поджанр во рамките на R&B. Оваа категорија беше една од трите новосоздадени категории за 55. Греми награди a во јуни 2020 година беше преименувана во Најдобар прогресивен R&B албум. Претходни добитници се Ријана, The Weekend и Бијонсе.