Винилното издание на „Врати на имагинација“ во сабота ќе се продава потпишано од „Ареа“

Ексклузивното ремастерирано винилно издание на „Врати на имагинација“ по повод 25 години од издавање на албумот ќе биде достапно за продажба на официјален MEET & GREET со бендот после концертот на 8 ноември во СЦ „Јане Сандански“.

На 8 ноември во СЦ Јане Сандански ќе имате ексклузивна шанса да си го купите своето издание, потпишано од страна на АРЕА, по ексклузивна цена од 1.500 денари. Станува збор за луксузно опремено издание на 140 грамски тиркизен винил во 350 грамски gatefold омот, заштитени со повеќенаменска антистатичка фолија и додатна налепница. Винилот е издаден во лимитиран тираж и ќе биде достапен до истекување на залихите. После концертот, доколку остане залиха, винилот ќе биде достапен во неколку продажни места по цена од 1.600 денари.