Мјузиклот „Nebo je malo za sve“ посветен на познатиот југословенски рок бенд од Ниш – „Кербер“, премиерно ќе биде прикажан на 19 ноември во Народниот театар во Ниш. Мјузиклот ќе ја донесе енергијата на оваа музика, духот на 1980-тите и 1990-тите, сликата на Ниш во тоа време, но и емотивна љубовна приказна.
Мјузиклот е именуван по песната „Nebo je malo za sve“ од 1983 година, а е создаден врз основа на идејата на писателот Милош Петковиќ, текстот го напиша Александар Михаиловиќ, режисер на претставата е Александар Маринковиќ, а дел од авторскиот тим е и фронтменот на бендот „Кербер“, Горан Шепа – Гале.
„Тоа е приказна за двајца млади луѓе во Ниш во 1980-тите и 1990-тите а музиката на „Кербер“ е повеќе од само позадина таа е јадрото на претставата. Ова е приказна за емоциите, за сонот на една генерација. На новото време гледаме со почит, но оваа приказна припаѓа на посебна ера. Да се направи ваква претстава е храбро. Ова е нашиот рок мјузикл, и нашиот град. -“ – вели режисерот Александар Маринковиќ,
Претпремиерата е закажана за 18 ноември, премиерата за еден ден подоцна, а мјузиклот е на репертоарот на 24 и 25 ноември.