Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници при Советот на Општина Прилеп денеска ги соопшти и добитниците на третоноемвриските награди, плакети и дипломи. Признанијата традиционално се доделуваат на празникот на градот, 3 Ноември – денот на ослободувањето.
Добитници на наградата плакета по повод 3 Ноември покрај останатите е Народниот театар „Војдан Чернодрински“ кој го одбележува својот 75-годишен јубилеј.
Уметникот Рубенс Корубин пак е еден од двата годинашни добитници на Наградата за животно дело што ја доделува Општина Прилеп. Корубин е основоположник на нео-романтизмот во светски рамки.
Церемонијата на доделување ќе се одржи во НУ Центар за култура „Марко Цепенков“.