Николас Кејџ повторно се соединува со режисерот Сајмон Вест во неговиот најнов филм, играјќи го српскиот двоен агент Душко Попов, кој го инспирираше ликот на Џејмс Бонд. Филмот „Fortitude “ се снима во Лутон, Велика Британија. И е трилер од Втората светска војна за вистинска британска операција за убедување на нацистите дека сојузничките сили ќе се истоварат во Кале, а не во Нормандија.
Попов, заедно со разузнавачките службеници Дадли Кларк и Томас Аргајл Робертсон, смислиле комплициран план за операцијата.
Попов е роден во Тител, Србија а бил адвокат и разузнавач, кој работел како троен агент за Втората дирекција на Генералштабот на Југословенската армија, германската Абвер и британската МИ6 за време на Втората светска војна. Неговото тајно (шифрирано) име било Трицикл, а тоа било и името на шпионската мрежа во која бил вклучен.
Ова е третиот филм на Кејџ со режисерот Вест, по „Con Air“ и „Stolen“. Во глумечката екипа се и Метју Гуд, Ед Скреин, Алис Ив, Мајкл Шин, Сер Бен Кингсли и Арт Малик, а точниот датум на премиерата на филмот сè уште не е одреден.