ТДМ, Велешки и Штипски театар гостуваат во Кочани

Три македонски театри ќе гостуваат во Кочани во периодот од 25 до 29 октомври. Организатор е Europe House – Кочани како дел од есенската културна и едукативна програма а во соработка со Центарот за култура „Бели Мугри“ и SupportKochani.

На 25 октомври во 20 часот ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес.

На 27 октомври во 13 часот ќе биде изведена претставата за деца „Црвенкапа“ на Александар Поповиќ во режија на Димитар Христов, на Театарот за деца и младинци од Скопје.

На 29 октомври во 20 часот гостува претставата „Сите прекрасни нешта“ во режија на Нела Витошевиќ, на Народниот театар од Штип

Претставите се одржат во Центарот за култура „Бели Мугри“, а влезот е бесплатен.