Претстави од САД, Бугарија, Полска и Хрватска на Битола Шекспир Фестивал

Со официјалниот плакат и програмата на 11. издание на „Битола Шекспир Фестивалот“, Народен театар – Битола го најави овогодинешното издание кое ќе започне на 14 ноември и ќе трае до 21 ноември 2025 година.

На 14 ноември, 81. роденден на НУ Народен театар Битола ќе се прослави со свечено отворање на „Битола Шекспир Фестивалот“ и премиера на едно од најизведуваните дела на Шекспир „Макбет“ во режија на Сабо К. Иштван од Унгарија.

На 15 ноември гостува Драмскиот театар „Александар Венгерко“ од Полска со „12 ноќ“. На 17 ноември на програмата е „Сон на летната ноќ“ на театарот „Лит мун“ од Санта Барбара, САД.

18 и 19 ноември се резервирани за македонска продукција. И тоа Артема театарска лабараторија со „Еволуција на Распадот“ а според „Отело“ на 18 ноември и кореодрамата на Самоти(и)ја според Сонетите на Шекспир а во продукција на Театроск на 19 ноември.

На 20 ноември гостува монодрамата „Јас, Пизблосом“ на театарската продукција „Хани Тонг“ од Хрватска и Англија. Фестивалот се затвора на 21 ноември со „Како што милувате“ на Драмскиот театар „Стојан Бачваров“ од Варна, Бугарија.