Утре започнува 13. издание на Театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот Принц“

Од 10 до 15 септември 2025 година, во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, ќе се одржи 13-тото издание на Театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот Принц“.

Фестивалот ќе биде отворен на 10 септември со едночасовен концерт на бендот „Петко 5+“ (ОХО продукција), а во текот на фестивалските денови публиката ќе има можност да проследи претстави од врвни македонски театарски куќи, како и да учествува на специјална театарска работилница за деца.

Програмата ги опфаќа претставите: „Жива досада“ на НУ Македонски народен театар, „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театар за деца и младинци – Скопје, „Снежана и седумте џуџиња“ на НУ Народен театар – Битола и „Пепелашка“ на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Фестивалот е во чест на уметноста за најмладата публика, а оваа година носи богата програма со многу радост, креативност и волшебство.

Директор на фестивалот e: Пеце Ристевски. A oрганизатори се: Никола Ристов, Ава Хусеини, Миле Вратеовски, Марија Минчева Андонов, Ангелка Нашкова, Елена Шорова Дербов, Весна Куслеска.

Фестивалот е финансиран од страна на Министерството за култура и туризам на Р.С. Македонија.