„Пламенка“ – нова трогателна приказна се поставува во Битолски театар

Денес во Народен театар – Битола започнаа со подготовките за првата премиера, во сезоната 2025/2026 година, ,,Пламенка” која ќе се работи според романот на Петре Димовски а во режија на Софија Ристевска.

Ќе играат: Катерина Аневска Дранговска, Александар Димитровски, Маја Андоновска Илијевски, Сандра Грибовска Илиевска, Марија Стефановска, Александар Стефановски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Вероника Ефтимова.

Се најавува уште една трогателна приказна за вистински херој, за една жена борец која ги преживеала сите војни од 1903 до 1945 година, приказна за Македонија, приказна за Пламенка!

Проектот ќе се реализира во копродукција со НУ Центар за култура Битола и Интимен театар Битола.

Премиерата е закажана за 17 октомври.