Сцената повторно се буди Од 20 до 25 октомври 2025 ќе се одржи 62. издание на Драмскиот аматерски фестивал во Кочани.
Вчера започна пријавувањето на претстави за овогодинешното издание а пријавувањето е отворено до 19 септември.
Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи и другарства, експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање на територијата на Република Македонија и во странство кои творат во полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, модерни, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели.
Изборот на претставите го извршува републички изборник/селектор именуван од страна на Фестивалската управа.
Истовремено е отворен и конкурс за изработка на плакат. Сите креативни и талентирани дизајнери, уметници и љубители на визуелната уметност се поканети да учествуваат во конкурсот за изработка на официјален плакат за Драмски Аматерски Фестивал – Македонија 2025!
Услови за учество се: дизајнот треба да биде динамичен, енергичен и да ги отсликува вредностите на аматерската драма. А учество е отворено за сите заинтересирани, без оглед на староста и професионалното искуство. Победникот ќе добие признание и можност за својата креација да биде промовирана на сите материјали поврзани со фестивалот, како и дополнителна парична награда. Испратете ја вашата креација на e-mail адресата: festivaldaf@gamil.com најдоцна до 19.09.2025г.