Синоќа во Офицерскиот дом при Културниот и информативен центар – Битола а во рамки на Бит фест беше отворена самостојната изложба на фотографката Ивона Кочов.

Со внимателно избрани композиции, минималистички симболи и длабоки тонски интервенции, изложбата нè повикува да размислиме – што значи да се пркоси на заборавот во еден свет кој постојано се менува? Па така триесетина портрети на истакнати битолчани се најдоа на самостојната изложба на Кочов.
„Пркос кон заборавот“ е мој начин да им кажам дека ги гледам, дека ги ценам и дека нивните приказни не треба да избледат. Секој портрет што ќе го видите носи дел од нивната младост, нивните битки, нивните победи и нивната љубов кон животот.“ – истакна Кочов.
Помеѓу портретираните се диригентот Љубомир Трифуновски, фотографот и долгогодишен дизајнер на плакатите и промотивните материјали на НТБ – Христо Бојаџиев, судијата Владимир Атанасов, адвокатот Антонијо Димитровски, спортистиката Вера Вељановска, лекарите Анастасија Петровска, Олимпија Јовановски и Рашко Т. Наковски, хроничарот Александар Стерјовски но и други доктори, наставници, пожарникари, дрвосечачи, oџачари, професори итн.

Фото: Тања Димитриевска