Бабец театар ги поканува сите деца на театарска работилница во рамките на 14. издание на ИДТФ Битолино. Работилницата ќе се одржува на 4 и 5 август, од 10.00 до 11.30 часот во Мала сала на Центар за култура – Битола.
Оваа година во магијата на куклениот театар децата ќе ги воведе Ефимија Павлова – актерка, режисерка и директор на Държавен куклен театър – Сливен / State Puppet Theatre – Sliven. Децата ќе работат со оригинали театарски кукли од сите видови. Ќе испробуваат движења со нив а и ќе изработуваат кукли.
Препорачана возраст на учесниците 11 + години. Бројот на учесници е ограничен. Пријавување со SMS порака на 071 624 178 со име и презиме, возраст и контакт телефон).