Во саботата на 27 јули 2025 година, на Ракометното игралиште во Битола, се одржа концертот на легендарниот рок музичар Момчило Бајагиќ-Бајага, кој предизвика вистинска еуфорија кај битолската публика. Стотици посетители, меѓу кои имаше млади, тинејџери, па дури и деца, со воодушевување ги пееја заедно со него неговите најголеми хитови. Дури во еден момент кога забележа колку мали деца има, искоментира со басистот: „Види колицки су, јеботе.“ Концертот траеше цели два часа, а Бајага не остави никого рамнодушен – со препознатливата енергија и харизма ги изведе своите најпознати песни од првиот албум „Позитивна географија“, сѐ до последниот, создавајќи атмосфера полна со носталгија и чиста радост.
Настанот беше организиран од страна на Авалон продукција, кои продолжуваат со силно концертно лето во Битола. Веќе следната сабота, на 3 август 2025, тие го носат светски познатиот диџеј Армин ван Бурен на Градскиот стадион „Петар Милошевски“. По успешниот концерт на Бајага, очекувањата се високи, а Битола полека, но сигурно, станува една од главните музички дестинации во регионот.
Влезници за концертот на Армин ван Бурен
Фотографии и текст: Леонид Ташовски