Поставена сцената над Ротинско Eзеро: Петок и сабота „Рибарски караници“

Техничката екипа на НУ Народен театар – Битола денеска успешно ја постави сцената на платформа над Ротинското езеро а актерите попладнево ја имаа и првата проба. Премиерата е закажана за 25 јули а првата реприза за 26 јули.

Во продукција на НУ Народен Театар – Битола на езерото ќе се одигра „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски. Заради големиот интерес за премиерата пуштени се влезници за продажба на билетара и онлајн на narodenteatarbitola.com. За претаставата има и организиран превоз.

Урнебесната комедија по текст на Карло Голдони, ја играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска.