Денес се започна со реконструкција на патот кој води до Ротинско езеро, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава. Во продукција на НУ Народен Театар – Битола на езерото ќе се одигра „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски.
Народен театар – Битола деноноќно работаат на логистиката на 25 јули да се случи спектакл, а поддршка добија и од Општина Битола, сите јавни претпријатија и приватни компании кои помагаат во реализацијата на овој проект.

Урнебесната комедија по текст на Карло Голдони, ја играат: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска.