Бајага и Инструктори ова лето во Битола за цела Македонија

Сигурно еден од најголемите хитмејкери од екс – југословенските простори – Бајага, со своите Инструктори ова лето ќе одржи само еден ексклузивен концерт во Македонија и тоа, како што кажува насловот, во Битола на Ракометното Игралиште, неколку дена пред Илинден, на 27 јули со почеток во 21 часот!

Концертите на Бајага и Инструктори се исполнети со повеќе од 2 ипол часа хитови и претставуваат врвна и квалитетна музичка забава за сите љубители на неговата музика.

Влезниците, во ограничен број, по цена од 900 денари ќе бидат во продажба во петок (4 јули)  во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk.