Утре (25.06) во 19.30 часот на платото на Офицерски дом – КИЦ Битола ќе се отвори првото издание на Мултимедијалниот саемски фестивал на книгата „Критична маса“ кој ќе се одржи неделава од 25 – 28 Јуни 2025 на платото на Офицерски дом – ЈОУ КИЦ Битола кој воедно е и организатор на манифестацијата. Манифестацијата е поддржана од Министерство за култура на конкурсот за проекти од национален интерес за 2025 г.
Фестивалот „Критична маса ” е конципиран како четири дневен празник на книгата, винил плочите и стриповите. Позициониран во велелепниот Офицерски дом во Битола ќе ги вгости најдобрите и најголеми издавачки куќи од државата во склоп на саемот на книгата 2025, ќе им понуди изложбено-продажна платформа и на реномираните винил продавници за музичките љубители на најквалитетниот носач на звук – плочата, како и можност за дружење со стрип артот. За звучната слика на фестивалот ќе се погрижат локалните “зависници” од винил плочи кои, исклучиво, ќе вртат плочи преку целото времетраење на фестивалот.
