Најпознатата манифестација во Прилеп – Пиво фестивалот, оваа годна од 18 до 20 јули ќе понуди три музички света во три вечери. Локацијата останува иста, во центарот на Прилеп.
Првата фестивалска вечер, петок (18.07) започнува со класика, емоции и македонска музичка душа со настапот на Камерниот Оркестар на Битола со Наде Талевска, Ристо Самарџиев и Андријана Јаневска.
Сабота (19.07) на програмата е Харис Џиновиќ. А неделата е за романтика и моќен вокал со еден од највпечатливите балкански гласови – Никола Роквиќ.
Подгответе се за незаборавно музичко и гастрономско доживување во срцето на летото! Пиво, музика, дружба и уникатна атмосфера што ја нуди само Прилеп!