Гостиварски театар е во фаза на подготовка на две нови претстави во рамки на Годишната програма за 2025 година. „Манијак“ на македонски јазик и „Цилиндар“ на албански јазик се првите две претстави за оваа година.
„Цилиндар“ по текст Едуардо де Филипо е во режија на Афердита Нухији и ќе се игра на албански јазик. „Манијак“ по текст Ратко Бјелчиќ е во режија на Елеонора Теова.
Улогите во комедијата „Манијак“ ги играат: Марко Дојоски, Ирена Илиевска и Елизабета Младеновска. Темата е околу состојбите кои настануваат од лажните вести во медиумите.
Како што информираше директорот на Гостиварски театар, Сулејман Рушити, годинава планирано е да се реализираат вкупно пет претстави, од кои една за деца.