Германскиот писател Себастијан Фицек е специјален гостин на издавачката куќа „Сакам книга“ на престојниот Саем на книгата во Скопје од 8-ми до 14-ти мај.
Неговата прва книга Терапија беше бестселер во Германија во 2006 година, соборувајќи ја Кодот на Да Винчи од првата позиција. Со продадени над 12 милиони книги во светот, од кои само 5 милиони во Германија, Фицек е еден од најуспешните германски писатели.
Во Македонија се издадени неговите книги: „Плејлиста“, „Надвор од контрола“, „Детето“, „Ловец на очи“, „Подарокот“,„Душекршачот, „Пациентот“ и „Аурис“.
Во 2023 година особено внимание привлече доаѓањето на Крист Картер како специјален гостин на оваа издавачка куќа, а според реакциите на социјалните мрежи истото се очекува и овој пат.