Дарко Рундек го реинтерпретираше последниот албум на Милан ЕКВ и Суба

Проектот „Жива Вода“ создаде реинтерпретација во живо на култниот албум „Angel’s Breath / Dah Anđela“ на Милан Младеновиќ и Митар Суботиќ – Суба од 1994 година, создаден во Бразил. Вокал и гитара на реинтерпретацијата е Дарко Рундек (фронтмен на „Хаустор“).

„Angel’s Breath / Dah Anđela“ беше проект на Младеновиќ и Суба основан во 1985 година со гитаристот Горан Вејвода. Додека споменатиот албум е снимен во 1994 година во Сао Паоло каде Суба се преселил. Кратко по враќањето од снимањето, Милан дознава дека е тешко болен и набрзо умира.

„Тој албум, и покрај култниот статус што го стекна, за жал отиде и сè уште оди малку под радарот. Тоа беше одраз на излегувањето на Суба од регионалниот контекст и оддалечувањето на Милан од „ЕКВ“. Еден вид манифест на ослободување и слобода на создавање. Затоа беше идеален материјал за „Жива Вода“, да видиме како би можеле да го реинтерпретираме, или де/ре/конструираме.“ – вели продуцентот Петернел.

Дарко Рундек кој е нивен совремник нагласува дека му е драго што придонел за албум кој им оддава почит на авторите на оригиналните композиции и ја слави музиката како „Жива вода“. Тој претходно соработуваше со нив како изведувач на концерт инспириран од албумот на Хаустор „Treći svijet“.

„Митар Суботиќ беше еден од продуцентите на албумот „Болеро“ на Хаустор, а со Милан ме врзуваше пријателството. Добро се сеќавам дека го сретнав во Париз, каде што застана на пат од Сао Паоло до Белград, откако штотуку завршија со миксот на албумот. Седевме во мала група на островче на Марна, а тој со ентузијазам зборуваше за проектот додека во позадина се одржуваше старомоден бал. Во овој проект ја презедов задачата да направам кавер на „Metak“, бидејќи бев инспириран од музичката тема на таа песна, а учествував и како гитарист и придружен вокал на други нумери.“ – изјави Рундек.

Проектот беше реализиран со поддршка на Фондацијата Милан Младеновиќ и Фондацијата Митар Суботиќ – Суба, кои исто така придонесоа со ставање на располагање архивски снимки од интервјуа со Милан и Суба, чији фрагменти од овие разговори беа искористени на албумот.

Оригиналната верзија на песната: