„Бисерите на Мал Битолски Монмартр“ во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

Денеска, четврток, од 12.30 часот во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков“ ќе
биде отворена единаесетта по ред изложбата „Бисерите на Мал Битолски Монмартр“. Ќе
бидат претставени дела од светската детска ликовна колонија „Мал Битолски
Монмартр“ во Прилеп во соработка со НУ „Марко Цепенков“. Изложбата на дела од
„Мал Битолски Монмартр“ е последна од програмата за ликовна дејност, односно
визулени ументости на Центарот за 2024 година, поддржана од Министерството за
култура и туризам.
Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола кое работи педесет и седум години низ
последните четириесет и четири без прекин ја реализира најстарата и најголема светска детска ликовна
колонија “Мал Битолски Монмартр” на која само на конкурсот “Битола” за 2О24 година
пристигнаа над осумстотини пратки од исто толку државни и приватни школи од над осумдесет и пет држави кои генерираат фонд од над шеесет илјади детски ликовни цртежи. Тоа беше и основ во периодот од 23 – 31 мај во Битола да бидат поканети дваесет и пет делегации од дваесет и две држави кои учествуваат со над сто и осумдесет учесници на 43. издание на „Мал Битолски Монмартр“ на кој традиционално седум дена се твореше на темата староградска битолска архитектурата, а беа реализирани и еднодневни работни посети на Охрид и манастирот Свети
Јован Битолски. Колонијата генерираше над шестотини дела со што збирот на цртежи од
колонијата и конкурсот ја надмина цифрата од милион и петстотини илјади цртежи за четириесет и четири години.