На 27 октомври 2024 г. во Порта-Џез се одржа вечер на аудио промоција на албумот „Надеж“ во чест на Доне Скендеров.

Доне Скендеров е еден од најистакнатите ликови на битолската и македонската алтернативна сцена во последните декади.

На настанот во Порта-Џез промовиран беше последниот албум на „Land“ именуван како „ Надеж“. Албумот содржи десет авторски песни на Доне и беше снимани во студиото „Тоцијан“ на Томе Јанкуловски-Тоци.

Сите песни , гитари и придружни вокали на албумот, се дело на Доне Скендеров.

Главниот вокал и дел од аранжманите и музиката се на Томе Јанкуловски-Тоци, додека дел од гитарските бас делници се дело на Роберто Трајковски-Убавецо.

Албумот веќе може да се најде на платформата „You Tube“, на следниот линк, а наскоро ќе се најде и на „Spotify“.

Доне Скендеров е идеен музички творец на неклку битолски алтернативни музички проекти: „Crazy Green Fuckers“, од крајот на 80-те години на XX век; „Green Grass Dreams“, од првата и втората половина на 90-те и „Land“ во новиот милениум.

Неговото музичко творештво се состои од култното демо издание „4 Songs“ од почетокот на 90-те, песни поместени во компилациските албуми „Македонски документ-Чекор прв“ и „14 песни за Ушко“. Во 2017 година, беше издаден и првиот албум на „Land“-„If“.

„Во чест на Доне“.