На годишното Генерално собрание на 8-ми ноември во Солун, SEE Cinema Network одвои финансиски средства за финансирање на проекти во развој во износ од 63.000 евра! 

Поддршката е за 7 долгометражни филмски проекти, по еден од секоја земја-членка, во моментот во фаза на развој, при што секој проект добива 9.000 евра.

Проектот „Пролетно чистење” во режија на Марија Апчевска е еден од седумте проекти финансирани од SEE Cinema Network за развој на долгометражни играни филмови.