Андрија се враќа во Црна Гора да ја развива црногорската продукција на филмови и серии

Актерот Андрија Милошевиќ и премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ се сретнаа во кабинетот на премиерот да разговаарат за низа проекти во црногорска продукција.

Враќањето на актерот Андрија Милошевиќ во Црна Гора и на црногорската уметничка сцена ќе го означи почетокот на стратешката соработка во областа на црногорската продукција на филмови и серии, како и на театарот и фестивалите, најави премиерот Милојко Спајиќ.

„Сакаме да ги охрабриме луѓето кои постигнале успех надвор од нашата земја да работат заедно со нивните колеги кои живеат и работат во Црна Гора за да изградат нова визија за црногорската културна политика“, напиша Спајиќ во објавата на Икс.

Милошевиќ кој сите го сметаат за српски актер, е роден во Подгорица а детството го поминал во Никшиќ. На шеснаест годишна возраст станал студент на првата генерација на Факултетот за драмски уметности во Цетиње а во Белград дошол во 2000 година.