Наскоро „Секс, лаги и главоболки“ во Театар Комедија

Во Театар Комедија започнаа пробите за новата премиера „Секс, лаги и главоболки“ во режија на Александра Кардалевска.

Се работи по текст од колективно авторство. Драматург е Благица Секулоска, музиката е на Оливер Јосифовски а играат: Жаклина Петровска, Елена Кузманов, Тони Денковски и Сергеј Димовски.

Претставата е една од трите поддржани со Годишната програма на Министерството за култура и туризам за 2025 година. Премиерата е закажана за 22 мај 2025 година а билетите се пуштени во продажба!