После распродадени концертни сали во Лондон, Виена, Осијек, Загреб и Белград, Влатко Стефановски, познатиот виртуоз на гитара, со два концерти со пријателите ќе го заокружи и одбележи 50-годишниот јубилеј на кариерата на 9-ти и 10-ти мај со почеток во 20.00 часот, во Македонската Филхармонија.
Гости на концертите ќе бидат Момчило Бајагиќ – Бајага, Горан Бојчевски, Дамир Имери, Иван Кукиќ и Јана Стефановски. Пратечките вокали се од Трио Струмица.
Првично закажаниот концерт веднаш се распродаде па беше закажан и вториот. Двата концерти ќе биде пресек на неговата долга и успешна музичка кариера, почнувајќи од „Леб и сол“ до неговата соло кариера. Феноменалните изведби на Влатко ќе бидат надополнети со познати гости. Публиката ќе ужива во спој на инструментален рок, етно-џез, блуз и македонска традиционална музика.