Новата македонска ТВ серија „Авантурите на една турбофолк принцеза“ продолжува со својот креативен пат до малите екрани.
Сценаристите Петар Вулчев од Бугарија и Андреј Волкашин од Македонија минатата недела учествуваа на најголемиот фестивал и форум за серии во Европа – „Festival Series Mania“, кој е меѓу водечките во светот. Тие учествуваа на престижната програма за обука на сценаристи „Going European“. Секоја година, „Going European“ избира пет пара сценаристи од цела Европа. Програмата се состои од три обуки одржани во три различни земји – Франција, Шпанија и Босна и Херцеговина. Во овој период, десетте сценаристи минуваат низ специјализирани курсеви со водечки драматурзи, консултанти за сценарија, продуценти, композитори, актери и експерти од областа на кинематографијата.
„Минатата недела во градот Лил, Франција се одржа првата сесија од програмата, која беше дел од од оваа програма. Следниот фестивал што ќе го посетиме со Андреј Волкашин како дел од „Going European“ е „Conecta FICTION & ENTERTAINMENT“. Минатата година токму таму нашиот проект „Авантурите на турбо-фолк принцезата“ ја освои главната награда на фестивалот – 50.000 евра за развој на серија, доделена од Советот на Европа. Последниот фестивал на кој ќе учествуваме благодарение на „Going European“ е „Sarajevo Film Festival“, каде во 2023 година ја добивме и главната награда за развој на серијата. За Андреј и јас, изминатата недела на фестивалот беше вистински подарок – награда за целиот труд што го вложивме во развивањето и пишувањето на нашата серија.“ – вели Вулчев.