Концертот на „Бијело дугме“ одложен за мај

Култниот сараевски бенд „Бијело дугме“ чиј концерт беше закажан за 12-ти април во СЦ „Борис Трајковски“ во договор со организаторот го одложија за 31-ви мај, поради трагичниот настан во Кочани.

„Во овие чувствителни моменти, сметаме дека е прерано за концерт. Токму затоа, заедно со „Бијело дугме“ одлучивме концертот кој требаше да се одржи на 12 април во Скопје, да го презакажеме за 31 мај 2025 година.“ – велат од Прагма продукција.

„Бијело дугме“ предводено од Горан Бреговиќ ќе свири 50 концерти во 50 градови. Славеничката турнеја стартуваше  во мај 2024 година, од местото каде што всушност започна се, Домот на млади во Сараево, во далечната 1974 година. Во Скопје доаѓа оригиналната постава на „Бијело дугме“ – Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ-Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Огњен Радивојевиќ и Зоран Реџиќ

Сите купени билети остануваат важечки за новиот датум. За оние кои не се во можност да присуствуваат на новиот датум, постои можност за рефундација во рок од 7 дена преку мејлот kupikarta@gmail.com