Гитаристот на „Црвена Јабука“ со нов сингл

Дарио Дувњак, гитаристот на „Црвена Јабука“ и кантавтор објави нов сингл „Године лете“.

„Године лете“ е новиот сингл на Дарио Дувњак, кантавтор кој многумина го знаат и како гитарист на еден од најдолготрајните бендови на нашите простори, „Црвена Јабука“. Песната се наоѓа на неговиот албум „Nisam više mangup“ и ова е последниот сингл од албумот, со кој Дарио затвора едно и отвора ново музичко поглавје.

Песната „Године лете“ е целосно напишана од Дарио – тој е автор на текстот, музиката и аранжманот, а освен тапаните, кои ги сними Адријан Бориќ, тој самиот свиреше на сите други инструменти. Миксирањето и мастерингот на песната му го доверил на Драгомир Херендиќ. Песната доби и спот во режија на Манда Матиќ, кој се снимаше во училиштето и во музичката станица Алиби.

„Немаше сценарио за спотот, идејата беше груба, а всушност сè се случи многу спонтано“, потенцира Дарио Дувњак, кој веќе за есен најавува работа на новиот студиски албум.