Одложените настапи на јубилејната „Ѓурологија“ во Македонија, се презакажани за нови термини во месец мај.
И тоа во Центар за култура – Битола на 30-ти мај од 20 часот и во Македонска филхармонија на 31-ви мај од 20 часот.
Преостанатите влезници за овие два настапи ќе бидат во продажба од четврток (27 март) онлајн на karti.com.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија.
Сите оние кои не можат да присуствуваат на новите датуми можат да извршат рефундација на средствата наредните 7 дена (до 1 април – вторник до крај на работен ден) со праќање на мејл до info@karti.com.mk или на продажното место од кое се купени влезниците.