Премиера на „Пепелашка“ во Струмички театар

Една од најпознатите сказни во светот, познатата „Пепелашка“ – конечно и на сцената на струмичкиот театар. Вечната приказна за обесправеноста и верувањето во своите сништа. Приказна која доживеала многу верзии на филмското платно, во анимираниот филм, сликовниците, во балетот. Нашата сценска постановка е еден современ аранжман на познатата приказна, модерна парафраза на познатиот Дизниев цртан филм „Пепелашка“. Премиерата е закажана за 30 март (недела) од 12 часот

Режијата адаптацијата и сценографијата се на Кољо Черкезов. Костимограф е Ванчо Василев, изборот на музика е на Стојан Черкезов а идејата и дизајнот на плакатот на Сијана Галазка Василев.

Настапуваат: Раскажувачот – ГОРАН НИКОВ, Пепелашка – ВАСКА АНГЕЛОВА, Маќеата – ОЛИВЕРА АРИЗАНОВА МАНСБАРТ, Гризелда – ЈАСМИНА ВУЧКОВА, Анастасија – ТАНКИЦА СТОЈАНОВА, Царот – СТОЈАН ВЕЛКОВ-ТРН, Советникот на царот – ВАНЧО ВАСИЛЕВ, Принцот – МИХАИЛ ВЕЛКОВ, Волшебната самовила – АНКИЦА БЕНИНОВА, Царскиот слуга – КИРЕ СТОЈЧЕВСКИ, Дами на балот – МАРИЈА ЌОСЕВА, МАГДАЛЕНА ТРАЈКОВА, ВЕРОНИКА РИСТОВА и Музичари – ФИЛИП ЃЕОРГИЕВСКИ, МИРЧЕ ТАШЕВ, СЛАВЕ ТРАЈКОВ.