Правнуката на Толстој ќе одржи концерт во Ниш

Шведската џез-пејачка со руско потекло Викторија Толстој со триото на пијанистот Јакоб Карлсон ќе настапи на фестивалот Нишвил на 16 август, објавија денеска организаторите.

„Правнуката на рускиот писател Лав Толстој има издадено 14 соло албуми од 1994 година и се појавила на десетина други изданија на музичари, вклучително и два албума со шведскиот тромбонист Нилс Ландгрен“, соопштија од фестивалот „Нишвил“.

Како што е најавено, основата на програмата на „Нишвил“ ќе биде заедничкиот албум „A Moment of Now“ што Толстој и Карлзон го снимија за глас и пијано.

„Викторија и Јакоб изведуваат композиции од автори кои се движат од Кол Портер, преку Пет Метини и Џо Завинул, до Стиви Вондер, Питер Габриел, Фил Колинс, Аланис Морисет и Марк Кинг на многу специфичен начин“, се вели во соопштението.