Шоуто „Глумците пеат“ закажано за 8 и 9 април во Македонскиот народен театар се одложува.
„Ова шоу постои да носи радост и заедништво, но во моментов никој од нас нема сила за тоа.
Новите датуми ќе ги објавиме набрзо. Купените влезници ќе важат за новите термини.“ – објавија организаторите.
Годинава шоуто ќе биде инспирирано од филмската уметност а ќе настапат 25 врвни актери од сите генерации, придружувани од биг-бенд составен од извонредни музичари. Режијата е на Дејан Пројковски, музичките аранжмани на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.