Ако некогаш сте сонувале да носите опрема цел ден, да собирате кабли, да ја вршите работата на вистински сценски техничар и за тоа да платите скоро 12.500 долари за честа – Џин Симонс има понуда само за вас.
Басистот на KISS и човек кој со децении монетизира се што ќе допре, повторно се надмина себеси. На претстојната турнеја на бендот Џин Симонс, обожавателите со подлабок џеб можат да станат „лични асистенти и техничари“ за еден ден. Со други зборови, можете да платите сериозни пари за да работите за него.
За 12.495 долари, ќе имате можност да се запознаете со Џин и бендот рано наутро, или во хотелот или на друга локација, за да го разгледате работниот план за денот. Тогаш започнува вистинското дејство: ќе се придружите на екипа од техничари, ќе носите опрема, ќе ја поставите сцената, ќе помагате при проверка на звукот. Во текот на денот ќе ручате и со Џин, било во хотел или во бекстејџ, а после се и официјално ќе бидете претставени на сцената пред публиката. За да не си одите дома со празни раце, ќе добиете специјална маица и капа од членовите на екипажот, ВИП ламинат, потпишан сет листа, па дури и бас на Симонс што се користи на пробите на KISS. Ако мислите дека цената вклучува билет за концерт – не, тоа се доплаќа. Понудата е наменета само за едно лице по концерт.
Ова искуство за вистински обожаватели е достапно на турнејата која е американска, и почнува на 3 април во Анахајм а завршува на 24 мај во Хјустон.