Лејди Гага на есен во Белград и Загреб со турнејата „Long Live Mayhem“?

Лејди Гага, според засега непотврдени информации ќе одржи концерти во Загреб и Белград како дел од нејзината претстојна турнеја за промоција на нејзиниот албум „Mayhem“.

Лејди Гага, позната по своите спектакуларни настапи, планира турнеја „Long Live Mayhem“ на која ќе го промовира својот последен албум, кој излезе денеска. Според неофицијални информации, во турата се вклучени и градови од нашиот регион. Шпекулациите започнаа откако на социјалните мрежи се појави фотографија од зад сцената, на која во позадина се гледа списокот со датумите на нејзината светска турнеја. Меѓу градовите беа и Загреб и Белград, што би значело дека Гага се враќа во Загреб, каде што настапи во 2010 година.

Според официјалните информации, досега е потврдено дека Лејди Гага ќе ја започне својата концертна турнеја во април 2025 година, со два настапи на фестивалот Коачела. Потоа, планиран е концерт за 26 април на стадионот ГНП Сегурос во Мексико Сити, додека на 3 мај ќе одржи бесплатен концерт на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, на кој се очекува да присуствуваат над милион луѓе – како што е објавено на нејзината официјална веб-страница.

Светската турнеја, која не е потврдена, сугерира дека Лејди Гага треба да настапи во овој дел од Европа во есента 2025 година. Имено, во Загреб на 11 октомври, во Будимпешта на 12 октомври и во Белград на 14 октомври, меѓу другите големи датуми на турнеи.

Важно е да се напомене дека овие датуми се неофицијални и се чека официјална потврда од Лејди Гага и нејзиниот тим.